Екипата на Чеховски медведи која доминира во првенството на Русија доживеа пораз на гостувањето кај Динамо Астрахан со 32:33 што е прв пораз после цели три години.
Во последната деценија Чеховски медведи важат за тим кој е најстабилен со своите игри и резултати во Русија така што и овој минимален пораз се смета како големо изненадување.
Претходно тимот на Чеховски медведи имаше загубено од СКИФ Краснодар на гостување на 8 септември во 2018 година со 23:25.
Покрај ова во 2020 година на 27 ноември беше забележат службен пораз од Перм со 0:10.
Во последните три години само уште еден тим успеал да дојде до бодови против Чеховски медведи, а тоа беше составот на ЦСКА Москва (претходно Спартак) која одигра нерешено 24:24. Практично серијата на Чеховски медведи без пораз траеше 46 натпревари.