Само за ракометните фанатици – натпревари од два по полноќ до четири попладне

На претстојните Олимписки игри во Токио ќе настапат 24 репрезентации во машка и женска конкуренција. Органзцискиот комитет ги одреди саатниците за одигрување на турнирот.

Сите љубители и ракометни фанатици ќе имаат можност за маратонско уживање со најдобрите национални селекции. Турнирите е планирано да започнат на 24 јули, а на 7 и 8 август се натпреварите за медалите.

Од почетокот на групната фаза се до четвртфиналето, натпреварите на Олимпискиот турнир ќе се играат во текот на целиот ден, односно од 9 часот до 21:30 часот кога започнува последниот меч според времето во Токио. Гледачите во Македонија ќе можат да ги следат натпреварите од 02 часот по полноќ до 14:30 часот.

Од двете групи по четири репрезентации обезбедуваат пласман во нокаут фазата. Првата елиминациска рунда е четвртфиналето каде што ќе играат првиот со четвртиот и вториот со третиот од двете групи.

ТУРНИР МАЖИ

ГРУПА А: АРГЕНТИНА, ШПАНИЈА, ГЕРМАНИЈА, ФРАНЦИЈА, НОРВЕШКА, БРАЗИЛ
ГРУПА Б: БАХРЕИН, ЕГИПЕТ, ПОРТУГАЛИЈА, ШВЕДСКА, ДАНСКА, ЈАПОНИЈА

Олимписки игри, 1 коло, 24 јули:

02:00, Норвешка – Бразил
04:00, Франција – Аргентина
07:15, Шведска – Бахреин
09:15, Германија – Шпанија
12:30, Португалија – Египет
14:30, Данска – Јапонија

Петте кола од прелиминирната фаза ќе се играат на 24, 26, 28 и 30 јули, како и 1 август, четвртфиналето е на 3 август, полуфиналето на 5 август, додека мечот за трофејот ќе биде на 7 август.

ТУРНИР ЖЕНИ

ГРУПА А: АНГОЛА, КОРЕЈА, НОРВЕШКА, ЦРНА ГОРА, ХОЛАНДИЈА, ЈАПОНИЈА
ГРУПА Б: БРАЗИЛ, БРАНЦИЈА, УНГАРИЈА, РУСИЈА, ШПАНИЈА, ШВЕДСКА

Олимписки игри, 1 коло, 25 јули:

02:00, Холандија – Јапонија
04:00, Русија – Бразил
07:15, Црна Гора – Ангола
09:15, Норвешка – Кореја
12:30, Шпанија – Шведска
14:30, Унгарија – Франција

Петте кола од прелиминирната фаза ќе се играат на 25, 27, 29 и 31 јули, како и 2 август, четвртфиналето е на 4 август, полуфиналето на 6 август, додека мечот за трофејот ќе биде на 8 август.

Сите натпревари од машкиот и женскиот турнир ќе се играат во „Јојоги Арена“ во Токио.