Само еден голман постигнал гол на Ф4 во Келн

Откако почнаа да се играат завршните турнири во Келн во 2010 година досега во листата на стрелците се има запишано само еден голман.

Станува збор за голманот од Данска кој брани за екипата на Барселона.

Тој ќе биде во составот и за овој турнир, но ги брани последните средби во дресот на Барселона така што ова ќе му биде нова можност да дојде до погодок и да се запише уште еднаш во листата со што би добил уште едно место во историјата на Ф4 турнирите како голман со погодок на два турнири.