„Реално не требаше да се пласираме на ЕП“

Репрезентацијата на БиХ е еден од учесниците на Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Германија.

Босанската репрезентација пласманот на континенталниот собир го обезбеди по освоеното второ место во својата квалификациска група.

БиХ во квалификациите беше во група со Словенија, Црна Гора и репрезентацијата на Косово.

Селекторот на БиХ, Ирфан Смајлагиќ, кој е тренер на Борац, со медиумите во Бања Лука зборуваше на многу ракометни теми.

Една од темите беше и репрезентацијата на БиХ, како и настапот на Европското првенство 2024.

Искусниот стратег не е голем оптимист за Европското првенство, истакнувајќи дека БиХ не вложува многу во ракометот.

,,Во спортот секако се е можно, но ако гледаме реално, не требашe ни да се пласираме на Европското првенство, земјите од регионот инвестираат многу повеќе од нас, а ние, каде сме ние? Косово инвестира во последните четири години, тие имаат визија, на пример, Црна Гора ја победи Хрватска, а ние се правиме дека имаме некој систем, кој дури сега го создаваме”, изјави Смајлагиќ.

Дополнителен проблем за Смајлагиќ може да бидат проблемите во босанскиот шампионат. Сезоната во БиХ не е ни започната, ад ел од босанските репрезентативци настапуваат во домашниот шампионат.

БиХ за ривали на Европското првенство во јануари ги има репрезентациите на Шведска, Холандија и Грузија.