Во екипата на Вардар го привршуваат овој дел од сезоната во кој имаат уште малку активности. Им останаа уште две средби во СЕХА, па потоа можат да почнат со плановите за вториот дел од шампионатот.
„Прво да ја завршиме оваа етапа од сезоната, а потоа ќе видиме што и како ќе се случува. Ќе имаме состанок со претседателот на клубот и ќе одлучиме околу сè, па и околу прашањето за тренерската позиција“, изјави Кокшаров.
Засега е неизвесно кои тренери се во комбинација, но може да се очекува до крајот на оваа календарска година да дојде до измена и до поставување на нов стратег на кормилото на вардарци.