Прва машка лига, Група 2: Водечките чекаат нови бодови

Екипите кои се наоѓаат на првите четири позиции во Групата 2 и засега имаат најголеми шанси за да играат во плеј-офот во пролетниот дел од сезоната викендов се со одлични шанси за да дојдат до нови бодови.

КЛ 7 е првиот кој излага на терен и пред своја публика се очекува да нема поголеми проблеми за да слави над тимот на Јехона.

Утре, пак, Младост Богданци, ГРК Тиквеш и Аеродром гостуваат, но според игрите досега ќе излезат како фаворити на терен против своите ривали и се чекаат бодови.

ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА 2

ДВОЈКИ ЗА 9. КОЛО

САБОТА, 30 НОЕМВРИ

13:00ч

КЛ 7 – ЈЕХОНА

Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Војо Христовски и Бобан Мајнов од Скопје. Делегат: Васил Зипевски од Гостивар.

НЕДЕЛА, 1 ДЕКЕМВРИ

12:00ч

ПАРТИЗАН – МЛАДОСТ БОГДАНЦИ

Сала: 26 Април во Гевгелија. Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Илија Цветкоски од Прилеп.

15:30ч

ПРЕСПА – ГРК ТИКВЕШ

Сала: „Јасмин“ во Кавадарци. Судии: Никола Пауновски и Оливер Спироски од Струга. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

18:00ч

ГРК БОРЕЦ – АЕРОДРОМ

Сала: „Гемиџии“ во Велес. Судии: Александар Марковски и Иван Илиевски од Битола. Делегат: Сашо Јанкуловски од Битола.

ТАБЕЛА: 1. ГРК Тиквеш 24 (283:183); 2. КЛ 7 – 21 (261:170); 3. Младост Богданци 15 (203:195); 4. Аеродром 13 (238:235); 5. Преспа 9 (194:208); 6. Јехона 5 (209:245); 7. Партизан 4 (197:239); 8. ГРК Борец 3 (173:283).