Познати бараж двојките за февруари во Лигата на шампионите, фаворити нема да има

Екипите кои играа во Групите Ц и Д, а ги освоија првите две места во февруари имаат нови дуели од Лигата на шампионите, а ги очекуваат плеј-оф пресметки за пласман во осминафиналето.

Тимот на Бидасоа Ирун кој беше најдобар во Групата Ц каде што играше Еурофарм Работник за ривал ќе ја има Висла Плоцк од Полска и ова ќе биде интересен дуел бидејќи се работи за две добри екипи кои ќе имаат што да покажат на теренот.

Другиот двобој ќе биде меѓу Спортинг од Португалија и Динамо Букурешт од Романија. Динамо е единствениот клуб кој после десет кола е без пораз. Доколку средбите би се играле во следните две недели овој тим би бил фаворит, но до февруари ќе треба да се одржи формата на високо ниво.

Првите дуели треба да бидат одиграни од 19 до 23 февруари, а реваншите се планирани од 26 февуари до 1 март.

ДВОЈКИ ЗА БАРАЖ

СПОРТИНГ – ДИНАМО БУКУРЕШТ

ВИСЛА ПЛОЦК – БИДАСОА ИРУН