Позната првата четврт-финална двојка – Домаќинот ќе го предизвика светскиот првак

Осум репрезентации од оние кои играа во главната фаза на Светското првенство денеска завршија со настапите, а меѓу нив е и Македонија. Воедно познати се уште четири четврт-финалисти, а засега само една двојка од елиминациите.

Јасно е дека домаќинот Египет ќе игра против Светскиот првак Данска во четврт-финалето, па ќе биде доста интересно в среда кога се играат дуелите на кои ќе се бараат полуфиналистите.

Пласман во четврт-финалето денеска обезбедија и Франција, Норвешка и Шведска, но тие до утре ќе ги чекаат своите ривали.

За другите состави заврши првенството па дома си заминуваат Македонија, Белорусија, Русија, Словенија, Алжир, Исланд, Швајцарија и Португалија. Утре шампионатот завршува уште за осум селекции.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

ГРУПА 3

АЛЖИР – ШВАЈЦАРИЈА               24:27 (ИЗВЕШТАЈ)

ИСЛАНД – НОРВЕШКА 33:35 (ИЗВЕШТАЈ)

ПОРТУГАЛИЈА – ФРАНЦИЈА      23:32 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА

ПозЕкипаБ.НПРЛ
1ФРАНЦИЈА105500
2НОРВЕШКА85401
3ПОРТУГАЛИЈА65302
4ШВАЈЦАРИЈА45203
5ИСЛАНД25104
6АЛЖИР05005

ГРУПА 4

БЕЛОРУСИЈА – МАКЕДОНИЈА  30:26 (ИЗВЕШТАЈ)

СЛОВЕНИЈА – ЕГИПЕТ   25:25 (ИЗВЕШТАЈ)

РУСИЈА – ШВЕДСКА      20:34 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА

ПозЕкипаБ.НПРЛ
1ШВЕДСКА85320
2ЕГИПЕТ75311
3СЛОВЕНИЈА65221
4РУСИЈА55212
5БЕЛОРУСИЈА45122
6МАКЕДОНИЈА05005