Норвешка ја заврши својата работа, сега ќе чека услуга

Репрезентацијата на Норвешка во третиот меч од главната фаза ја оствари посакуваната победа против Исланд со 35:33, која ги остава во игра за пласман во четвртфиналето. Сепак сè ќе зависи од последниот меч во групата помеѓу Франција и Португалија.

Исланд имаше подобро отварање на натпреварот, поведе со 2:0 и 4:2. Се играше брзо и ефикасно на двете страни, а Норвешка брзо го ја анулираше негативата. Од резултат 4:5, Норвежаните направија серија со четири последователни гола и го преземаа водството.

До крајот на првиот дел Норвешка го контролирше резултатот, постојано беше два до три разлика, но Исланд беше постојана опасност за противникот. Во финишот Исланд имаше уште еден добар период во кој целосно ја врати неизвесноста на натправарот па на полувреме се замина со 18:18.

Почетокот на второто полувреме им припадна на Норвежаните кои веднаш се одлепија. Во еден момент имаа пет позитива и се чинеше дека ќе стигнат до сигурна победа. Сепак Ислаѓаните не мислеа така, во 55. минута се доближија на 30:31, а три минути подоцна имаа и напад за нерешено.

Оваа шанса ја испуштија ракометарите на Исланд, потоа ги казни Рајнкинд и одново беше два разлика за Норвешка. Во последните моменти од мечот Исланд се обиде со поагресивна одбрана да избегне пораз, но Сагосен и Јондал ја потврдија победата на Норвешка.

Со оваа победа Норвешка има осум бода колку што има и Франција, а Португалија има шест и со победа над Французите би се формирала круг од три екипи со по осум бода каде што ќе одлучува гол разликата.

24 јануари 2021
33 - 35
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
24 јануари 2021 19:52 СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2020/2021 24.01.2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ИСЛАНД1833Пораз
НОРВЕШКА1835Победа

ИСЛАНД

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Бјоргвин Густавсонголман00
3Кари Кристјансонпивот00
8Бјарки Мар Елисонлево крило06
9Елвар Јонсонцентрален бек00
11Имир Гисласонпивот21
13Олафур Гудмундсонлев бек15
14Омар Магнусондесен бек04
16Виктор Халгримсонголман00
18Гисли Кристјансонцентрален бек14
20Агуст Бјоргвинсонголман00
21Арнар Арнарсонпивот03
22Сигвалди Бјорн Гудјонсондесно крило13
23Одур Гретарсонлево крило01
24Магнус Оли Магнусонлев бек01
26Кристјан Кристјансондесен бек01
29Елиди Видарсонпивот34
 Вкупно 833

НОРВЕШКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Сандер Сагосенлев бек28
7Сандер Оверјордетлев бек00
8Бјарте Мирхолпивот02
11Петер Овербипивот14
12Кристијан Саверасголман00
15Кент Робин Тонесендесен бек12
17Магнус Јондаллево крило03
19Кристијан Бјорнсендесно крило12
23Горан Согард Јоханесенцентрален бек05
24Кристијан О’Саливенцентрален бек02
25Елвинд Тангенгдесен бек00
27Харалд Рајнкинддесен бек26
30Торбјорн Бергерудголман00
32Томас Солстадпивот10
44Кевин Магеро Гуликсендесно крило01
71Александре Кристоферсен Блонцлево крило00
 Вкупно 835

Officials

Судии:
НАЧЕВСКИ ЃОРЃИ
НИКОЛОВ СЛАВЕ
ПозЕкипаНПРЛБ.
1НОРВЕШКА550010
2СРБИЈА53026
3ХОЛАНДИЈА52034
4АРГЕНТИНА51042
5КАТАР50050