На европскиот шампион Вардар оваа сезона не му оди според очекувањата, барем во Лигата на шампионите.
Патот кон одбраната на титулата беше започнат со шпанскиот стратег Давид Писонеро, продолжи со Едуард Кокшаров, кој не успеа да го врати Вардар на победничките патеки во ЛШ.
На социјалните мрежи се појави петиција за камбек на Роберто Гарсија Парондо на „црвено-црната“ клупа, иако Шпанецот има обврски кон репрезентацијата на Египет.
Тој сензационално го водеше Вардар до трофеј во Келн, па сигурно никој не би имал против, уште еднаш да се обиде да го однесе „црвено-црниот“ тим на истото место.