Тренерот на голманите на Вардар, Дејан Периќ има голема улога во подготовката на играчите на можеби најважното место во еден тим иако секоја позиција е од големо значење.
Во интервју за 24 Ракомет тој зборуваше за сите голмани на Вардар, а го даде и своето мислење за новиот голман, Французинот Робин Кантергел.
„Новиот голман кој доаѓа од Франција, Робин Кантегрел е момче кое има свои квалитети. Тој е во преоден период кога од млад голман се созрева во темпераментен и мотивиран голман за кого е чест да се биде тука во Вардар и со работа со квалитетни колеги да се наметне. Мислам дека во една долга година во која има многу натпревари во поголем број на натпреварувања е добро да се имаат квалитетни голмани за да може да се има ротација и оној што е нагол да ги оправда очекувањата и секогаш да биде поддршка за големите и за тимот“, изјави Периќ 24 Ракомет.
Комплетното интервју во кое зборува за својот договор со Вардар и останувањето во клубот, како и за другите голмани во тимот Ристовски, Кизиќ и Гогов, можете да го погледнете на следниот ЛИНК.