Освои две европски титули со Вардар, сега ќе игра за Дубочица Лесковац

Некогашната голема надеж на српскиот ракомет, Јања Војводиќ, по кратката пауза ќе направи камбек на терените.

26-годишниот среден бек е нов играч на тимот на Дубочица Лесковац, на која ќе и помогне да стигне до подобри резултати во плеј-офот.

Војводиќ беше дел од двете титули на Вардар во Лигата на шампионите, пред да замине во романската Баја Маре.

Афирмацијата ја стекна во дресот на Врбас, пред да дојде во Металург. Од Автокоманда замина во полскиот Сласк, шпанскиот Пуенте Хенил, па дојде во Вардар.

Со тимот на Дубочица, Војводиќ договори соработка до крајот на оваа сезона.