Одлично прво полувреме за Младост, доволно за три бода во Радовиш

кипата на Младост од Богданци си замина со трите поени од гостувањето во Радовиш откако го совладаа со 23:22.

Двете полувремиња беа сосема различни и со тотално спротивен епилог. И двата состави практично добија по 30 минути и покажаа дека се подготвени за повеќе.

Составот на Младост одигра одлично во првото полувреме кога имаше неколку минути во кои не беше примен погодок. После 7:7 дојде до доминација на гостите кои успеаја со осум гола во серија да се изборат за 15:7, но на одмор имаа 15:8.

Овие плус седум разлика беа сосема доволни за да може во второто полувреме да се одигра мирно. Домашните притиснаа и се обидоа да се вратат во игра односно да го намалат големото заостанување.

Сепак, не одеше најдобро бидејќи составот на Младост и понатаму беше во сигурна предност. До финишот ја контролираше и имаше 23:19 на пет минути до крајот од средбата. Тогаш составот на Радовиш доби шанса за да стигне до приклучок, но немаше време за повеќе, па на крајот остана со минимален пораз од 22:23.

Ова беше втора победа за Младост во плеј-офот, додека Радовиш веќе има два порази и се одалечува од горниот дел на табелата.

22 - 23
Конечен резултат

Место

Спортска сала „25 МАЈ“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
РАДОВИШ822Пораз
МЛАДОСТ 19771523Победа

РАДОВИШ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Славјан Пауновголман00
3Зоран Стојановскилево крило06
4Александар Марковлев бек00
7Александар Долдуровлево крило22
9Спасе Ѓоргиевдесно крило00
10Здравко Постоловцентрален бек00
12Али Кобеисипивот00
15Аце Спасовлев бек00
16Александар Ристовголман00
18Ангелче Органџиевлев бек05
23Кристијан Ристовлево крило03
24Мартин Трајковскиголман00
71Филип Трајановдесно крило01
72Ивица Илиевцентрален бек05
77Милош Лојаничиќдесен бек00
88Петар Ачимовиќлев бек10
 Вкупно 322

МЛАДОСТ 1977

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Ристе Пешковголман00
12Горан Паунковголман00
16Александар Мицевголман00
3Димитар Пеевлево крило00
4Руслан Хончаровпивот03
5Мите Караивановлев бек05
7Никита Лошчаковлев бек05
22Никола Димитровдесно крило00
25Саша Михајловиќцентрален бек00
27Горан Лисичковцентрален бек00
30Александар Лупашколев бек14
31Илија Диновлево крило05
33Никола Роглевдесен бек11
35Митко Стоиловлев бек10
39Далибор Лукиќдесен бек00
55Дејан Томиќлев бек00
 Вкупно 323

Officials

Судии:Делегат:
МЕТАЛАРИ ИСМАИЛ
НИКОЛОВСКИ НЕНАД
НАУМОВСКИ РУСЕ

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ТИКВЕШ 2014970221
2ПРИЛЕП960318
3РАДОВИШ950415
4Г.А.-КЛ7950415
5ЈУНИОР К.В.941413
6МЛАДОСТ 1977941413
7РАБОТНИЧКИ940512
8АСТРАИОН90090