Нови позитивни случаи на Ковид-19, Еурофарм Пелистер ќе бара одложување на дуелот со Кадетен

Тимот на Еурофарм Пелистер пријави нови позитивни случаи на Ковид-19, покрај оние претходните на Марио Танкоски и Мартин Велковски.

По враќањето на тренинзи на ракометарите кои не се повикани во дресот на националните репрезентации, на редовното тестирање пред продолжување со тренинзи евидентирани се неколку позитивни тестови на коронавирус, поголемиот дел асимптоматски.

Клубот ги прекина планираните тренинзи и позитивните случаи заминаа во изолација. Со оглед на тоа што се очекува враќање на репрезентативците и нови тестирања, клубот ќе испрати барање до ЕХФ за одложување на натпреварот од третото коло на групата Д на Лига Европа против Кадетен Шафхаузен кој треба(ше) да се игра на 17 ноември.

Во првото коло од натпреварувањето, битолчани загубија на гости кај данскиот ГОГ Гудме со 30-29.