Селекторот Кире Лазаров она што го најави со формирањето на Б репрезентацијата, веќе започна да го спроведува во дело.
Тој одбра 35 ракометари што ќе бидат во конкуренција за настап на двата меча против Србија што ќе се играат на 19 и 20 јуни во Ниш, како дел од подготовките за настап на Европското првенство.
Лазаров ќе има шанса да се увери во квалитетите на играчите од Суперлигата, а дел од нив веќе биле на поширок список и на А репрезентацијата. Повратник на списокот е Танкоски, а тука се Кизиќ, Аларов, Лазаревски, Костески, Младеновиќ, Кукуловски, Серафимов, Јагуриновски, Мишевски, Ѓорговски, Ѓорѓиев…од оние „поискусните“ што веќе се појавиле на некој сениорски собир.
На списокот се наоѓаат и Ончев, кој игра во одлична форма во дресот на Работнички, членовите на КЛ7 – Симоноски, Стојковиќ, Петковски, Димовски…крилата од Тиквеш, Еурофарм Пелистер и Бутел, кои исто така имаат важни улоги во своите екипи во Суперлигата сезонава.
Стружаните Цветаноски и Крстаноски, исто така ќе бидат во комбинација, на списокот се наоѓаат и Савревски, Митев, Ивановски, Џонов, Стојановски, Атанасијевиќ, Манасков, Ѓорѓески, Гогов, Атанасовски…
Поширок список на Македонија:
Голмани – Кизиќ, Ѓорѓески, Петковски, Гогов
Пивоти – Аларов, Симоноски, Стојковиќ, Лазаревски, Атанасовски
Крила – Кузманоски, Атанасијевиќ, Кондев, Димитровски, Костески, Стоилевски, Спасовски
Бекови – Младеновиќ, Кукуловски, Ѓорговски, Танкоски, Манасков, Серафимов, Јагуриновски, Савревски, Димовски, Ѓорѓиев, Атанасијевиќ, Мишевски, Митев, Џонов, Ивановски, Ончев, Стојановски, Крстаноски, Цветаноски