НАЈ НАЈ НАЈ НАТПРЕВАР: Светскиот првак Данска на колена – победничко деби за маестро Лазаров на клупата на Македонија!

Во рамките на квалификацискиот циклус за Европското првенство 2022 година, машката сениорска репрезентација на Македонија го совлада актеулниот светски првак Данска со 33-29. Светскиот првак пристигна во Скопје неколку часа пред средбата и заминува со пораз, кој за Македонија значи огромен чекор кон пласман на нов континентален собир.

Новиот селектор Кирил Лазаров и стручниот штаб го вратија победничкиот дух кај македонските ракометари, а победата над актуелниот светски првак е само поттик за младите репрезентативци, за уште поголеми резултати.

Микел Хансен го отвори резултатот на овој дуел, но полетната Македонија која натпреварот го започна со Талески, Кузмановски и Велковски на бековската линија, функционираше одлично на почетокот. Токму Талески и Велковски и го овозможија првото водство на Македонија, а Манасков по пет минути од пенал ја одведе Македонија на два гола плус. Почетните пет минути беа најава за тоа како ќе се одвива продолжението на овој дуел.

Македонија беше во предност во текот на целото прво полувреме. Менуваа Данците, менуваше и клупата на Македонија. Па во 12. минута нашата репрезентација во нападот ја предводеше селекторот Лазаров и повратникот Филип Миркуловски, кои дадоа импулс за продолжението на натпреварот.

Во средина на првиот дел актуелниот светски првак успеа да го израмни резултатот на 7-7, но тоа беше сè што направија Данците во првиот дел. Одличниот македонски голман Никола Митревски беше диригент на цврстата македонска одбрана, а тоа овозможи серија за македонските ракометари која Талески ја круниса со четвртиот гол за 12-8. Разлика која се задржа до самиот крај на првите триесет минути за конечни 17-13.

Тактичката војна на клупата на двете селекции, беше во корист на Македонија. Затоа селекторот Јакобсен се обиде да го промени темпото со игра „7 на 6“, која на Данците им донела многу медали во минатото. Но ниту тоа не ги изненади македонските ракометари. Токму во тој период Македонија постигна неколку лесни погодоци од центарот на теренот на празниот дански гол, а разликата не се менуваше.

Почетокот на второто полувреме ја најави сензацијата на овој дуел. Одличниот Миркуловски командуваше со нападот на Македонија, а разликата во резултатот постојано се зголемуваше. Во средина на вториот дел Гоце Георгиевски ги постави највисоките 25-17 за Македонија.

Во последните десет минути Македонија влезе со предност од седум голови, но неколку технички грешки и индивидуалниот квалитет на Микел Хансен ја вратија Данска на негатива од почетокот на полувремето (28-24). Возбудливата завршница ја донесе Данска на три голови негатива, на само две минути до крајот но Лазаров стави точка за надежите на гостите со својот четврти гол за 33-29 на неполна минута до крај. Митревски ја забележа 13 одбрана во последниот напад за Данска па Македонија го заврши дуелот со победа од 33-29.

33 - 29
Конечен резултат

Место

СЦ „Борис Трајковски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
МАКЕДОНИЈА1733Победа
ДАНСКА1329Пораз

МАКЕДОНИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Никола Митревскиголман00(13 одбрани)
3Дејан Манасковлево крило05
4Мартин Велковскидесен бек02
5Стојанче Стоиловпивот14
7Кирил Лазаровдесен бек04
8Цветан Кузманоскилево крило00
9Игор Ѓоргиевцентрален бек00
11Филип Талескилев бек05
12Мартин Томовскиголман00
13Филип МиркуловскиСреден бек03
17Никола Маркоскипивот00
18Филип Кузмановскилев бек15
19Ненад Костескидесно крило00
22Гоце Георгиевскидесно крило02
31Михајло Младеновиќлев бек00
33Жарко Пешевскипивот03
 Вкупно 233

ДАНСКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Никлас Ландинголман0(3 одбрани)
4Магнус Ландинлево крило01
7Емил Јакобсенлево крило02
12Емил Нилсенголман00
17Ласе Свандесно крило00
18Ханс Линдбергдесно крило00
20Кевин Мелерголман0(2 одбрани)
21Хенрик Мелгард Јенсенцентрален бек00
22Мадс Менсах Ларсенлев бек04
23Хенрик Тофт Хансенпивот03
24Микел Хансенлев бек011
26Јохан Хансендесно крило01
28Ласе Андерсонлев бек01
31Николај Орис Нилсендесен бек10
32Јакоб Холмлев бек03
33Матијас Гидселдесен бек02
34Симон Халд Јенсенпивот11
 Вкупно 229

Officials

Судии:Делегат:
Душан Стојковиќ
Ненад Николиќ
НАЧЕВСКИ МАРЈАН