Монпелје се враќа со бодови од кај Елверум

Екипата на Монпелје во рамките од 7. коло во Лигата на шампионите беше убедлива против Елверум со резултат 37:30. Со освоените бодови, Монпелје за момент го задржа лидерското место во Групата А.

Ракометарите на Монпелје уште од раната фаза од дуелот тргнаа супериорно, поведоа со 4:1, и со ист ритам продолжија до крајот на првото полувреме. Домаќините на моменти намалуваа на два до три негатива, но избраниците на Патрис Канаје имаа одлична реализација во нападите и во текот на целиот натпревар ја градеа високата разлика. При самиот финиш од првиот дел, Монпелје се одлепи на пет гола разлика, истата предност успеа да ја задржи на полувреме, 20:15.

Во второто полувреме, Елверум немаше одговор за расположените гости од Франција. Полека растеше водството за екипата на Монпелје која во 37. минута ги имаше највисоките плус осум, 18:26. До крајот немаше поголема промена на теренот. Расположен за игра беше Уго Дескат кој речиси погодуваше се што можеше да се погоди во голот на противниците. Монпелје во последниот период водеше со десет гола разлика, сепак, Елверум ја искористи опуштеноста на гостите во последните минути и успеа да го ублажи поразот.

Најефикасен во редовите на Монпелје беше Уго Дескат со 9 погодоци. Во составот на Елверум, Доминик Мате ги предводеше стрелците со седум погодоци. Во следното коло, Монпелје на домашен терен ќе го пречека Елверум.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ПСЖ ХЕНДБОЛ870114
2ВЕСПРЕМ861113
3МАГДЕБУРГ74129
4Динамо Букурешт73137
5ГОГ83147
6ВИСЛА ПЛОЦК72145
7ППД ЗАГРЕБ82155
8ПОРТО70070