Тимот на Металург, што ќе биде македонски претставник во новото издание на Лигата на Европа, го раскина договорот со еден од странските ракометари.
Станува збор за грузискиот репрезентативец Иракли Кбилашвили, кој лани дојде во Автокоманда. Сепак новите правила на РФМ за странските ракометари, беа причина за прекинот на соработката.
Бројот на странски ракометари што не се од држави со рејтинг до ТОП 15 веќе е исполнета, па новите засилувања во Металург, би требало да бидат интернационалци од најдобрите европски репрезентации.
Во меѓувреме продолжува потрагата по нов среден бек, како и преговорите за продолжување на соработката со дел од играчите што играат и лани во Автокоманда.