Металург ги смири Австријците, но освои само еден поен (ФОТО)

Во средба со две различни полувремиња и многу надигрување екипите на Металург и Фиверс ремизираа со 33:33, па мораа да се задоволат со по еден бод од овој доста интересен натпревар. И двете екипи добија по едно полувреме со по три гола разлика, но и двата состави можат да жалат за победата бидејќи имаа шанси да дојдат до неа.

Од почетокот на натпреварот гостите беа во предност со три гола. Брзо поведоа со 3:0, па Металург мораше постојано да го брка резултатот. Постојано се бараше гол шанса за да се намали негативата, но никако не можеше да се израмни туку противникот лесно успеваше да казни.

Фиверс имаше и плус пет гола што беше највисоката предност. Металург немаше време да постави одбрана во поголемиот дел од примените голови бидејќи реакцијата на гостинскиот состав беше пребрза или после примен гол или после грешка на „металурзите“. Сето ова водеше кон лош резултат така што предноста одеше за гостите.

Мал момент на криза во завршницата од првото полувреме овозможи тимот на Металург да намали и да се врати во игра. Иако беше тешко да се дојде до нешто плус, сепак, мораше да се бара одново приклучок. И покрај тоа што конечно беше најден лек за брзата игра, тоа одново не беше доволно за да може да се намали резултатот туку на одмор се замина со 16:19.

Она што недостигаше од првото полувреме конечно беше прикажано на стартот на вторите 30 минути. Металург брзо успеа да најде начин за да израмни. Во 35. минута резултатот веќе беше 20:20. Серијата продолжи и во 36. минута после 4:0 за Металург, конечно претставникот на Македонија дојде во прво водство на оваа средба од 21:20.

Одбраната се движеше многу подобро и затвораше, дојдоа и одбрани на голманите, па тоа овозможи Металург да го дикрира темпото. Предноста почна да се зголемува откако дојде до подобра идеја во нападот. Хорват, Серафимов и Мариќ реализираа и донесоа и плус три, од 25:22 во 42. минута.

Сепак, не можеше да се издржи овој ритам, па гостите се вратија во средбата и израмнија на 29:29 на девет минути до крајот. На ова следуваше реакција од Металург, па после два изнудени седмерци, Хорват продолжи да го полни голот на Австријците за 31:29.

Металург- Фиверс (Лига на Европа)

Металург и Фиверс ремизираа во натпревар од Лигата на Европа со 33:33 и на тој начин дојдоа до по еден важен поен од последниот дуел за оваа година во натпреварувањето. И двете екипи имаа по едно полувреме кое го добија со по три гола разлика. На полувреме гостите имаа предност од 19:16, а потоа Металург надомести. Имаше пресврти после кои и двата состави можеа да дојдат до победа, но на крајот со бодот мораа да бидат задоволни и едниот и другиот тренер. Хорват и Серафимов со по седум гола во Металург и Дамбок со 11 погодоци во Фиверс беа најефикасните на оваа средба.

Меѓутоа, кога требаше да се одигра мирно и трпеливо да се чека шанса за нов гол, дојде грешка, а Дамбок со десеттиот гол донесе 31:31. Истиот играч донесе и водство односо за Фиверс откако во три шута по ред, двапати беше прецизен, а еднаш Ѓорѓески успеа да му одбрани.

Во последните пет минути ракометарите на Металург очигледно беа жртви на сопственото пеколно темпо наметнато на почетокот на второто полувреме и промашуваа, а на сето тоа беа казнувани, па Австријците стигнаа и до 33:31. Канкараш беше играчот кој донесе израмнување на 33:33, а до крајот гостите не успеаја да реализираат, па средбата финишираше со поделба на пленот.

33 - 33
Конечен резултат

Место

Спортска сала „Автокоманда“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
МЕТАЛУРГ1633Реми
Фиверс1933Реми

МЕТАЛУРГ

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Дарко Кондевлево крило01
4Александар Петковскидесен бек00
5Бранко Канкарашпивот26
7Дарио Кофилоскилево крило00
10Даниел Дупјачанецголман00
11Мице Шилеговдесно крило01
13Златко Хорватдесно крило07
15Маријан Мариќлев бек15
17Мартин Серафимовдесен бек07
19Милан Лазаревскипивот01
20Даниел Ѓорѓескиголман00
21Михајло Младеновиќлев бек00
26Марко Тарабокијацентрален бек01
42Момир Рниќлев бек03
44Стефан Додиќцентрален бек01
64Велко Маркоскилев бек00
 Вкупно 333

Фиверс

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Тобијас Вагнерпивот07
15Ерик Дамбоклево крило011
25Никола Стевановиќдесен бек13
35Лукас Гагнелдесно крило00
45Лукас Хутечекцентрален бек03
50Винсент Швајгерпивот00
51Волфганг Филцвизерголман00
52Борис Таниќголман00
54Фабијан Глатцллев бек00
55Марин Мартиновиќлев бек03
57Херберт Јонасдесно крило01
58Ленадер Бренајспивот00
59Маркус Колардесен бек11
75Максимилијан Ридедесно крило00
85Давид Брандфелнерлево крило02
95Томас Зајдллев бек12
 Вкупно 333
ПозЕкипаБ.НПРЛ
1Висла Плоцк1610802
2Чековски медведи1410703
3Адемар Леон1410541
4Фиверс610226
5Феникс Тулуз610226
6МЕТАЛУРГ410127