Македонска репрезентативка меѓу најдобрите странски ракометарки што играле во Русија!

Во Женската лига на Русија ретко странски ракометарки добивале шанса за игра Рускиот сајт handballfast.com ги одбра најдобрите 12 ракометарки помеѓу кои ја вброи и поранешната македонска репрезентативка Јулија Николиќ.

Македонката со украинско потекло Јулија Николиќ (Портјанко) е родена во Терновка, регионот на Дњепропетровск. И нејзиниот прв професионален клуб беше Лавов Галичанка.

Во 2003 година, 20-годишната Jулија се пресели во најдобриот македонски клуб Кометал Ѓорче Петров, каде што помина шест години и доби македонски пасош. Потоа, во нејзината кариера имаше една сезона во турскиот Ускудар.

Во 2010 година, Николиќ замина во францускиот Арвор. Таму, заедно со Александра Лакрабер и под водство на Лорен Безо, стана шампион на Франција. Од Франција Јулија Николиќ направи трансфер во руската Ѕвезда Звенигород каде што имаше одлични изданија и беше втор стрелец во тимот.

После една година во Русија, се врати во Македонија и се приклучи на Вардар. Со тимот од Скопје, Николиќ двапати по ред се пласираше на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Покрај Николиќ, во изборот за најдобар странски ракометарки во руското првенство се најдоа и Александра Лакрабер која играше која играше за Звезда со Николиќ, потоа Ана Ѓокиќ и Соња Бајрактаровиќ, кои беа дел од Ростов Дон, Катрин Лунде, Катарина Булатовиќ, Сираба Дембеле, Санела Кнезовиќ, Јелена Ериќ, Кати Пежо и Асма Елгауи.