Македонскиот шампион Куманово одигра пријателска натпревар со амбициозниот тим на Ѓорче Петров во пресрет на стартот на сезоната во Женската лига.
На домашен терен, кумановски беа подобри и победија со четири погодоци разлика, 24-20, а на полувремето имаа гол предност, 12-11.
Новата сезона во Женската лига ќе стартува на 18/19 септември, а овие две екипи ќе играат во различни групи.
Куманово ќе биде дел од групатa A со Феникс, Шампион, Пелистер, Кузман Вардар, Деспина, Гевгелија и Чаир, додека Ѓорче Петров е дел од групата Б со Вардар, Металург, Астибо, Овче Поле СУ, Спартак и Стружанка.