Кузмановски и Пешевски со солиден учинок во Бундес лигата

Двајцата репрезентативци на Македонија, Жарко Пешевски и Филип Кузмановски, кои настапуваат во Бундес лигата, денес имаа солиден настап за своите тимови, иако Хановер на Филип Кузмановски доживеа убедлив пораз од Магдебург, со резултат 30:22.

Кузмановски во добиената минутажа на терен успеа да постигне два погодоци во мрежата на Магдебург, додека новиот ракометар на Вардар од следната сезона, Нејц Цехте, беше најефикасен во поразениот табор со четири постигнати погодоци.

На победа се радуваше Жарко Пешевски, кој со екипата на Штутгарт славеше против Ерланген со пет гола разлика, 34:29.

Кружниот напаѓач од Македонија беше одличен во нападот и одбраната на својот тим. Пешевски во дресот на Штутгарт постигна три погодоци, со што беше меѓу најефикасните во победничката екипа

Штутгарт со новите освоени бодови успеа да се позиционира на 15. позиција на табелата, со што ја избегна опасната зона за испаѓање.