Шведската репрезентативка од редовите на Ростов Дон, Ана Лагерквист имаше среќа да ја напушти Русија пред почетокот на воените дејствија на оваа земја во Украина.
Лагерквист пристигна во репрезентацијата на Шведска која ги започнува подготовките за натпреварите на ЕП 2022 година.
„Во Шведска пристигнав вчера пред се да започне. Викендов немаме натпревари па затоа дел од ракометарките порано се вратија дома. Кога се разбудив утрово и видов што се случува, сфатив дека имам многу среќа. Денес тешко дека би успеала да полетам од Ростов. Планирам да се вратам во Русија на 6 март, по натпреварите на репрезентацијата, но никој не знае како се ќе се развива. Останува да ги следиме вестите“.
Градот во кој беше Лагерквист се наоѓаше во близина на границата со Украина.
„Го следев развојот, но немаше промени во секојдневието во Ростов. Барем, така беше до моето заминување, не знам како е денес. Се уште не знам дали моите соиграчи стигнаа до Москва каде што репрезентацијата на Русија треба да има камп. Немав кога ниту да разговарам со нив. Знам дека тие што не се со репрезентациите во Ростов тренираат нормално“, изјави Лагерквист.
Лагерквист истакна и дека не е сигурна дали руското првенство ќе продолжи на 10. март кога нејзиниот тим го очекува натпревар против Кубан.