Во заостанатиот натпревар од Групата Б во Супер машката лига составот на Еурофарм Пелистер 2 приреди големо изненадување во Битола и го совлада Металург со 27:26. После интересни 60 минути бодовите останаа во Битола за тимот кој денеска одигра многу помотивирано и поагресивно и за тимот кој покажа дека е решен да дојде до место во плеј-офот.
Од почетокот на натпреварот се виде дека Еурофарм Пелисте 2 ќе биде незгоден ривал и дека ќе оди на сè или ништо на овој дуел. Од почетокот имаше надигрување и се бараше простор за погодок.
Металург не влезе на максимум на овој натпревар, па домашните успеваа да се вратат постојано кога имаа негатива. Металуртг стигна до плус четири во првото полувреме и водеше со 6:2 и 7:3, но ова не даваше гаранција за успешен резултат бидејќи мораше да се одигра на виско ниво и во продолжение.
Место тоа лесно се губеа топки, се брзаше во реализацијата и тука се грешеше, а младите ракометари од Еурофарм Пелистер со максимална мотивација одеа до крај и ја топеа негативата.
Откако израмнија на 10:10 до крајот на полувремето успеаја да издржат и да бидат на гол негатива, па на одмор се замина со предност од 14:13 за тимот на Металург.
Во второто полувреме се разигра Стефан Дрогришки, кој ги поведе своите колеги кон изненадување. Ракометарот кој порано играше за Металург сега играше одлично, а добра поддршка имаше и од Стефан Талевски во нападот. Таквата игра овозможи Еурофарм Пелистер да биде постојано во предност.
Еурофарм Пелистер 2 – Металург
На минута до крај Дрогришки погоди за 27:26, а на 30 секунди до крајот Металург успеа да израмни. Сепак, во моментите кога гостите израмнуваа тренерот Оливер Димитриоски побара тајм-аут, па голот не важеше. Во нападот после тајм-аутот немаше реализација така што домашните се радуваа на голема победа против фаворитот.
Со овие бодови Еурофарм Пелистер 2 се доближи до плеј-офот и опстанокот во Супер машката лига, додека Металург ќе мора да го крене нивото на форма.