ИДЕАЛЕН ТИМ НА 5. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Eкипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло и во пролетниот дел од сезоната.

Има натпревари од разигрувањата за титула и опстанок во елитната конкуренција, па нема да недостига неизвесност, драма до самиот крај…

Ние одново ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 5. коло од плеј-оф/аут.

Ќе можете да гласате до среда до 12 часот.

СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 5. КОЛО ПЛЕЈ-ОФ/АУТ

Според Вас, кој ракометар го одбележа 5. коло од машката Суперлига?

Давор Палевски - лево крило - Пролет
35.74%
Мартин Карапалевски - среден бек - Вардар
21.70%
Благојче Трајкоски - голман - Еурофарм Пелистер 2
19.15%
Емилијан Ѓорговски - лев бек - Еурофарм Пелистер 2
8.09%
Реваз Чантурија - десно крило - Прилеп
7.23%
Елмир Граџан - пивот - Еурофарм Пелистер
5.11%
Куни Моралес - десен бек - Вардар
2.98%

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 19611090132
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР980128
3БУТЕЛ951318
4ТИКВЕШ 2014102269
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2101369
6ОХРИД100282
ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРОЛЕТ770026
2СТРУГА731314
3ПРИЛЕП630312
4СКОПЈЕ 202061145
5РАДОВИШ61053

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 5. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)

Голман: Благојче Трајкоски (Еурофарм Пелистер2 ) – голманот на битолскиот тим успа да одбраи 20 удари и беше меѓу најзаслужните за триумфот над Охрид.

Лево крило: Давор Палевски (Пролет) – левото крило го водеше неговиот тим до триумф над Скопје и даде седум гола.

Лев бек: Емилијан Ѓорговски (Еурофарм Пелистер 2) – младиот ракометар беше меѓу лидерите на битолчани во трумфот над Охрид.

Среден бек: Мартин Карапалевски (Вардар) – средниот бек на Вардар беше меѓу најзабележителните во триумфот над Тиквеш.

Десен бек: Куни Моралес (Вардар) – Кубанецот со седум гола го предводеше шампионот во победата во Кавадарци.

Десно крило: Реваз Чантурија (Прилеп) – ветеранот со 11 погодоци беше најдобар на теренот во триумфот против Радовиш.

Пивот: Елмир Граџан (Еурофарм Пелистер) – босанскиот репрезентативец беше меѓу најдобрите поединци на битолчани во гостинската победа кај Бутел Скопје.