ИДЕАЛЕН ТИМ НА 3. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиотдел од сезоната.

За разлика од лани годинава има 12 екипи, а играат и Вардар и Еурофарм Пелистер. Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за пласман во плеј-офот каде ќе играат шест екипи. Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.

Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до понеделник до 12 часот.

Според Вас, кој ракометар го одбележа третото коло од машката Суперлига?

Здраво Постолов (Радовиш) - лев бек
24.86%
Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер 2) - лево крило
22.63%
Павле Петровиќ (Еурофарм Пелистер 2) - десен бек
15.36%
Градимир Чаневски (Бутел Скопје) - голман
13.69%
Михаил Аларов (Пролет) - пивот
9.78%
Анте Гаџа (Вардар) - среден бек
8.94%
Јосип Божиќ Павлетиќ (Еурофарм Пелистер) - десно крило
4.75%

РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – СТРУГА    45:20 (ИЗВЕШТАЈ)

ПРОЛЕТ 62 – ПРИЛЕП           31:28 (ИЗВЕШТАЈ)

ОХРИД – ВАРДАР     29:31 (ИЗВЕШТАЈ)

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ТИКВЕШ     22:21 (ИЗВЕШТАЈ)

МЕТАЛУРГ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2        28:29 (ИЗВЕШТАЈ)

РАДОВИШ – СКОПЈЕ 2020    30:28 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР13120136
2ВАРДАР 196113120136
3БУТЕЛ13100330
4ПРОЛЕТ1380524
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21372423
6ТИКВЕШ 20141370621
7ОХРИД1361619
8МЕТАЛУРГ1360718
9ПРИЛЕП1340912
10СТРУГА1331910
11РАДОВИШ1310123
12СКОПЈЕ 20201300130

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 3. КОЛО

ГОЛМАН: Градимир Чаневски (Бутел Скопје) – За тимот на Бутел во 3. коло имаше нова тешка средба во која победата беше обезбедена во финишот од натпреварот. Тиквеш беше одличен ривал, но Бутел имаш расположен голман.

ЛЕВО КРИЛО: Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер 2) – Во победата против Металург имаше забележителен настап постигнувајќи осум гола. Тој беше најефикасен на теренот.

ЛЕВ БЕК: Здравко Постолов (Радовиш) – Составот на Радовиш дојде до првите бодови сезонава. Постолов имаше забележителна партија. Постигна пет гола на дуелот против Скопје 2020.

СРЕДЕН БЕК: Анте Гаџа (Вардар) – Во 3. коло тимот на Вардар имаше тешко гостување кај Охрид. Гаџа беше еден од оние кои ги предводеа колегите кон победата.

ДЕСЕН БЕК: Павле Петровиќ (Еурофарм Пелистер 2) – Одигра добра средба. Постигна пет гола против Металург и имаше добар придонес во остварувањето на новиот триумф.

ДЕСНО КРИЛО: Јосип Божиќ Павлетиќ (Еурофарм Пелистер) – Екипата на Еурофарм Пелистер беше голем фаворит протит Струга и тоа го потврди. Павлетиќ на овој дуел постигна осум гола.

ПИВОТ: Михаил Аларов (Пролет) – Ја имаше најдобрата партија сезонава во дресот на Пролет. Тој си го заслужи местото во првата седумка и со седум погодоци.