Радовишани се израдуваа на првите бодови

Екипата на Радовиш во 3. коло од Супер машката лига дојде до првата победа во новта сезона откако ракометарите имаа контрола на резултатот во текот на сите 60 минути и го совладаа Скопје 2020 со 30:28.

Од почетокот на средбата радовишани беа во предност. Успеаја да го отворат натпреварот со 4:0 и овие четири гола најавија убаво продолжение на средбата. Гостите од Скопје вратија со два гола, но потоа следуваше период во кој радовишани постојано беа во предност од неколку гола.

Највисоката предност се случи при 10:4 така што немаше никаков проблем да се зачува водството и до крајот на првото полувреме да се дојде до резултат од 16:12.

Оваа предност беше сосема доволна во продолжение Радовиш да има контрола на резултатот. Гостите се обидуваа да стигнат до враќање во натпрварот, но успеаја да намалат на три гола разлика неколкупати.

И покрај ова, Радовиш редовно се враќаше и зголемуваше, а дојде повторно до плус шест , 24:18. Сепак, гостите успеваа да се вратат во ритам и повторно да дојдат до помала негатива. Сепак, успеаја да стигнат до три гола, а на 30 секунди после неколку обиди да стигнат и до минус два.

Радовиш водеше со 30:28 и имаше напад, а пеналот не беше искористен. Сепак, гостите не искористија шанса за да намалат и да направат уште поинтересна завршница, па бодовите останаа за домашните. Оттаму дебитантот во Супер лигата ќе мора да почека за првите бодови.

20 септември 2021
30 - 28
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
20 септември 2021 20:24 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 20.09.2021 60'

Место

Спортска сала „25 МАЈ“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
РАДОВИШ1630Победа
СКОПЈЕ 20201228Пораз

РАДОВИШ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Славјан Пауновголман00
3Зоран Стојановскилево крило09
7Александар Долдуровлево крило10
9Спасе Ѓоргиевдесно крило01
10Здравко Постоловцентрален бек05
11Аце Спасовлев бек00
12Александар Ристовголман00
16Александар Мицевголман00
18Ангелче Органџиевлев бек26
19Дино Мехиќдесен бек14
19Александар Марковлев бек00
23Кристијан Ристовлево крило00
71Филип Трајановдесно крило00
77Александар Вујниќлев бек05
88Томче Трајчевскипивот00
90Филип Костадинов-00
 Вкупно 430

СКОПЈЕ 2020

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Давид Стојкоскиголман00
2Филип Василевскипивот12
4Марио Мишевскилево крило02
5Бојан Чакалиќцентрален бек04
7Андреј ТркалевскиСреден бек00
9Александар Василевскилев бек18
16Матеј Петковскиголман00
18Кирил Пешкирскилево крило02
19Велимир ГрујовскиСреден бек03
20Лука Благопетровдесно крило01
22Андреј Пешевскицентрален бек00
23Благој Димчевскипивот10
24Стефан Стојановскилев бек10
25Леонид Киселовскилев бек02
28Али Кобеисипивот02
77Симон Калајџиескилево крило02
 Вкупно 428

Officials

Судии:Делегат:
МИТРЕВСКИ ДИМИТАР
ТОДОРОВСКИ БЛАГОЈЧЕ
ЧАВДАРОВ ВАСИЛ

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515