Еурофарм Пелистер лесно до бодови, брзо го скрши отпорот на стружани

Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до нова победа во Супер машката лига откако на свој терен ја совлада Струга со 45:20 и со три од три ќе го дочека дуелот против Вардар во 4. коло во Скопје.

Гостите дадоа отпор на стартот од натпреварот и парираше при што успеа да израмни на 1:1 и 2:2. Потоа се одржа на негатива од гол до два. Сепак, при 7:6 ракометарите на Еурофарм Пелистер како да уфрлија во повисок степен и заиграа поинаку така што почнаа да ја зголемуваат предноста.

Набрзина дојдоа до 14:6 и тука го решија натпреварот. Со серијата од 7:0, а потоа и добрата игра до крајот на првиот дел стана јасно дека Струга нема да има шанси на овој дуел.

До крајот на првиот дел разликата се искачи на 11 погодоци, па на одмор се замина со 22:11.

Овие плус 11 беа доволни во продолжение да се игра мирно и сите да добијат шанса да се најдат на терен. Домашните лесно реализираа после добрата одбрана и постигнаа над 40 погодоци. На крајот резултатот беше 45:20 така што со овие бодови тимот на Еурофарм Пелистер останува високо на табелата во Супер машката лига.

18 септември 2021
45 - 20
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
18 септември 2021 17:19 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 18.09.2021 60'

Место

Спортска сала „Боро Чурлевски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР2245Победа
СТРУГА1120Пораз

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Матео Марашдесен бек02
3Гоце Ојлескилево крило04
4Никола Маркоскипивот04
7Дејан Кукуловскилев бек11
8Јосип Божиќ Павлетиќдесно крило08
9Стипе Мандалиниќлев бек16
10Томислав Кушанпивот05
12Мартон Секељголман00
13Мирко Радовиќдесен бек01
14Марио Танкоскицентрален бек02
18Јосип Периќцентрален бек01
19Ненад Костескидесно крило05
24Милорад Кукоскилев бек00
97Рение Табоадацентрален бек06
98Марко Кизиќголман00
 Вкупно 245

СТРУГА

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Петар Маркоски-01
3Славе Јанковскилево крило02
4Христијан Крстаноскилев бек00
6Филип Пајкоскипивот14
6Никола Стрезоски-00
7Бобан Блажескидесно крило02
9Пеце Ѓорѓиоскипивот00
11Тодор Јанкулоскидесно крило03
12Никола Матовиќголман00
13Петар Ферукоскипивот01
14Мартин Табаковски-01
20Ивица Дукоскицентрален бек15
22Владан Кастратовиќцентрален бек11
24Ненад Костоскилево крило00
 Вкупно 320

Officials

Судии:Делегат:
МЕТАЛАРИ ИСМАИЛ
НИКОЛОВСКИ НЕНАД
КАМИШЕВСКИ ДУШКО

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515