ИДЕАЛЕН ТИМ НА 14. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжи и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможи во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во вториот дел од сезоната.

Сезоната веќе финишираше со одигрувањето на 14. коло, а љубителите на ракометот имаа можност да следат драматични и неизвесни натпревари.

Ние ги одбравме најдобрите седум и за последното коло, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до недела до 12 часот.

Според Вас кој е најдобар ракометар на 14. коло во македонската Суперлига?

Мартин Димовски - десен бек - КЛ7
52.19%
Кристијан Ристов - лево крило - Радовиш
28.54%
Бојан Спасовски - десно крило - Бутел Скопје
10.02%
Елмир Граџан - пикер - Еурофарм Пелистер
2.61%
Зураб Цинцадзе - голман - Прилеп
2.44%
Ласко Андоновски - среден бек - Пролет
2.36%
Филип Талески - лев бек - Вардар
1.85%

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ

РЕЗУЛТАТИ ОД 14. КОЛО

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2    29:28 (ИЗВЕШТАЈ)

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ГРК ОХРИД  30:14 (ИЗВЕШТАЈ)

СТРУГА – ПРОЛЕТ 62         23:30 (ИЗВЕШТАЈ)

ВАРДАР – МЕТАЛУРГ        39:27 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3ПРОЛЕТ1471622
4МЕТАЛУРГ1462620
5БУТЕЛ1453618
6ОХРИД1443715
7ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21412115
8СТРУГА1403113

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ

РЕЗУЛТАТИ ОД 14. КОЛО

ПРИЛЕП – ГРК ТИКВЕШ   32:28 (ИЗВЕШТАЈ)

РАДОВИШ – АСТРАИОН  38:15 (ИЗВЕШТАЈ)

РАБОТНИЧКИ – КЛ 7         34:39 (ИЗВЕШТАЈ)

ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА – МЛАДОСТ   29:25 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП14100430
2ТИКВЕШ 20141491428
3РАДОВИШ1491428
4Г.А.-КЛ71490527
5РАБОТНИЧКИ1470721
6ЈУНИОР К.В.1461719
7МЛАДОСТ 19771441913
8АСТРАИОН1400140

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 14. КОЛО

ГОЛМАН: Зураб Цинцдзе (Прилеп) – Екипата на Прилеп го доби најважниот натпревар, а сите ракометари имаа свој придонес. Оваа победа не само што му донесе опстанок на Прилеп туку и првото место во плеј-аут лигата.

ЛЕВО КРИЛО: Кристијан Ристов (Радовиш) – Ракометарот на Радовиш искористи можност за да настапи и имаше одличен настап. Реализираше дури 12 пати против тимот од Струмица.

ЛЕВ БЕК: Филип Талески (Вардар) – Големото дерби имаше свое издание во последното коло во кое Вардар го совлада Металург. Талески беше еден од играчите кои имаа придонес во победата.

СРЕДЕН БЕК: Ласко Андоновски (Пролет) – Андоновски одигра уште една добра средба. Одлично ги предводеше своите колеги до победа против Струга и до 3. позиција во плеј-офот.

ДЕСЕН БЕК: Мартин Димовски (КЛ 7) – Младиот ракометар на КЛ 7 одработи убава средба и постигна осум погодоци во победата против Работнички.

ДЕСНО КРИЛО: Бојан Спасовски (Бутел Скопје) – Играчот на Бутел Скопје сезонава е откритие на клубот и покажа дека може да се нсои со притисокот. Против Еурофарм Пелистер постигна пет гола.

ПИВОТ: Елмир Граџан (Еурофарм Пелистер) – Интернационалецот од БиХ кој денеска го продолжи договорот со тимот од Битола беше прв стрелец на средбата против Охрид. погоди шестпати.