Ѓорче Петров загуби два пати во Подгорица – шампионот тестираше со силниот Будуќност

Македонскиот шампион Ѓорче Петров два пати загуби на пријателските средби од шампионот на Црна Гора, Будуќност.

На првата пресметка, учесникот во Лигата на шампионите славеше со 37-26, додека на вториот двобој прослави уште поубедлив триумф.

Во Подгорица домашниот тим беше подобар со 44-24, а овие два меча беа добри проверки за „лавиците“ пред стартот на сезоната.

Тие стартуваат со официјалните натпревари на 26 август со пресметка со Наиса Ниш во салата „Чаир“ во рамките на Регионалната лига.