Загреб се загреа за Вардар, Спортинг победнички доаѓа во Битола

Тимот на Загреб, кој е следен ривал на Вардар во Лигата на шампионите, забележа победа во хрватскиот шампионат.

Избраниците на Ивица Обрван немаа проблеми против Карловац и победија со 43-22, а најдобри стрелци беа крилото Валентино Равниќ и Владо Матановиќ со девет, односно седум гола, додека голманите Ивиќ и Мандиќ собраа 17 одбрани.

Двобојот меѓу Загреб и Вардар се игра на 8 декември од 20:45 часот.

Ривалот на Еурофарм Пелистер, во шестото коло од Лигата на Европа, Спортинг Лисабон, во победничка атмосфера доаѓа во Битола.

Спортинг на домашен терен беше подобар од тимот на Агуас Сантас со 31-26. Девет гола даде Карлос Руесга, додека по пет пати погодоција Франциско Коста и Салвадор Салвадор.

Дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Спортинг Лисабон ќе се игра на 7 декември од 20:45 часот.