Еурофарм Пелистер 2 лесно се справи со Младост Богданци

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 остварија лесна победа на домашен терен против екипата на Младост од Богданци со 36:23 и остануваат во битка за плеј-офот во Суперлигата.

Битолскиот состав одлично го отвори натпреварот, поведе со 6:1, а потоа и 10:2. Ниту тајм аутот на гостите не промени ништо, Еурофарм Пелистер 2 играше одлична одбрана што беше голем проблем за Младост.

Гостите имаа многу проблеми во релизација на нападите што домашниот тим го искористи максимално и веќе по првото полувреме обезбеди одлична предност што беше доволна за конечен триумф. По првиот дел беше 20:11 за Еурофарм Пелистер 2.

Во второто полувреме продолжи доминацијата на избраниците на Александар Јовиќ, лесно го контролираа резултатот и во ниту еден момент не дозволија противникот резултатски да се доближи. До крајот на мечот разликата достигна тринаесет гола и со овој триумф Еурофарм Пелистер 2 останува во игра за плеј оф.

Еурофарм Пелистер 2 – Младост

Еурофарм Пелистер 2 дојде до нова победа во Групата Б од Супер машката лига совладувајќи го Младост со 36:23. Ова беше очекуван триумф за домашните во кој прв стрелец беше Никола Стоилевски со шест гола, а по пет имаа Стефан Талевски и Дарио Петровски. Кај Младост, Мите Стоилов со седум гола беше најефикасниот на натпреварот.

Најефикасен во победничкиот тим беше Никола Стоилевски со шест гола, а по пет постигнаа Петровски и Талевски. Во тимот на најмногу се истакна Митко Стоилов со седум погодоци.

36 - 23
Конечен резултат

Место

Спортска сала „Боро Чурлевски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 22036Победа
МЛАДОСТ 19771123Пораз

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Цветан Кузманоскилево крило12
4Јован Талевскицентрален бек00
5Игор Петковски-11
7Дарио Петровскилев бек05
9Васко Димитровскипивот03
11Симон Мирчевски-01
12Филип Ивановскиголман00
19Стефан Андонов-03
22Иван Димитровскилево крило13
23Стефан Талевскицентрален бек05
24Никола Стоилевскидесно крило06
33Петар Атанасијевиќлев бек01
51Димитар Бардакоскиголман00
55Стефан Дрогришкилев бек02
88Димитриј Блажевскидесен бек14
99Филип Арсеновскипивот00
 Вкупно 436

МЛАДОСТ 1977

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Ристе Пешковголман00
3Саше Михајловиќцентрален бек12
4Димитар Пеевлево крило00
7Илија Диновлево крило02
9Стојан Наумовскилев бек11
12Горан Паунковголман00
13Никола Роглевдесен бек02
15Марко Михајловиќлево крило01
17Иван Стојчевскидесно крило01
18Александар Лупашколев бек03
19Митко Стоиловлев бек07
20Душан Каркалашевцентрален бек00
23Мартин Фидановпивот14
25Илија Чрчев-00
28Горан Лисичковцентрален бек00
32Никола Димитровдесно крило00
 Вкупно 323
ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ1290327
2БУТЕЛ1281325
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21271422
4ТИКВЕШ 20141261519
5ПРИЛЕП1251616
6РАБОТНИЧКИ123099
7МЛАДОСТ 19771220106