Еурофарм Пелистер ослабен во Шафхаузен – нема да играат Хендави, Вегар, Кукуловски…

Еурофарм Пелистер утре го очекува последниот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа против швајцарскиот Кадетен Шафхаузен.

Стратегот Жељко Бабиќ нема да може да смета на египетскиот голман Карим Хендави поради визата, повредените Кушан, Маџовски и Вегар, како и на Кукуловски, но и новајлиите Цветан Кузманоски и Дарио Петровски, кои не се регистрирани за настап во групната фаза од ЛЕ.

Со победа на Еурофарм Пелистер во Швајцарија, како и пораз на ГОГ Гудме во Германија кај Рајн Некар Левен, битолчани ќе бидат на второ место, а доколку загубат остануваат на четвртата позиција.

„Фармацевтите“ може да завршат и на третата позиција, но под услов ГОГ да победи или ремизира кај Рајн Некар, а тие да слават над Кадетен. Осминафиналните натпревари во Лигата на Европа се на програмата на 23 и 30 март.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1Рајн Некар Ловен1081117
2Кадетен Шафхаузен1062214
3ГОГ1060412
4ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1051411
5Тримо Требње103076
6Татабања1000100