Тимот на Еурофарм Пелистер мисли на својата иднина и потпиша професионални договори со четворица млади играчи.
Станува збор за десните бекови Симон Мирчевски и Дејан Југовски, голманот Димитар Бардаковски и левиот бек Христијан Митревски.
Тие минатата сезона настапуваа во младите категории на битолчани под водство на тренерите Фарук Мемиќ и Александар Марковски.
Претстојната сезона сите четворица ќе бидат дел од составот на Еурофарм Пелистер 2, кој ќе игра во Суперлигата.