Екс-селекторот на Франција си најде клуб за тренирање

Поранешниот селектор на машката репрезентација на Франција, Дидие Динар после отказот во февруари во 2020 година беше без постојана работа, а сега во кратко време би можел да добие две бидејќи покрај комбинацијата за селектор сега има и нов клуб.

Динар ќе го преземе водењето на екипата на Ница која се натпреварува во Втората лига на Франција. Тој ќе биде поставен на функцијата генерален менаџер така што ќе има повисока функција од тренерската.

Покрај тоа што веќе е дел од екипата на Ница, тој е во комбинација и за преземање на репрезентацијата на Саудиска Арабија. Информациите говорат дека преговорите продолжуваат, но сега станува неизвесно дали ќе се нафати да ги извршува двете функции.