Драматично езерско дерби – Охриѓани се радуваа на победата

Ракометарите на Охрид го добија езерското дерби против Струга со 19-21 и се радуваа на бодовите на едно од најнезгодните гостувања. Како и што се очекуваше и овој дуел беше со малку голови, драма, неизвесност, тензија…

Во првиот дел се играше најчесто гол за гол, иако и двете екипи по еднаш имаа предност и од плус два, сепак не успеаја да направат повисока предност. На пауза се замина со 11-11. Охриѓани останаа без Стефан Додиќ во финишот кој доби црвен картон поради три исклучувања, од кое едно поради приговор.

Големи возбудувања донесе вториот дел. По 13-13, на два пати реализираше Крстаноски и еднаш Маркоски, па стружани за првпат стигнаа до плус три, 16-13. Сепак во продолжение не го издржаа темпото што сами го наметнаа.

Охриѓани заиграа подобро во одбраната, во нападот преку Андоновски, Николов и Кривокапиќ ги казнија домашните грешки и поведоа со 16-17. Домаќините израмнија на 17-17.

Беше 17-19, а во последните три минути, Брауновиќ одбрани два пенали – на Јанкуловски и Кастратовиќ, па неговиот тим преку Николов реализираше за победа и нови три бода во суперлигашката конкуренција.

19 - 21
Конечен резултат

Место

Спортска сала Тими

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
СТРУГА1119Пораз
ОХРИД1121Победа

СТРУГА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Владо Затаракоскиголман00
2Петар Маркоски-01
3Славе Јанковскилево крило01
4Христијан Крстаноскилев бек13
5Бобан Савески-02
6Филип Пајкоскипивот00
6Никола Стрезоски-10
7Бобан Блажескидесно крило17
9Пеце Ѓорѓиоскипивот10
11Тодор Јанкулоскидесно крило01
12Никола Матовиќголман00
13Петар Ферукоскипивот00
14Мартин Табаковски-21
20Ивица Дукоскицентрален бек00
22Владан Кастратовиќцентрален бек01
24Ненад Костоскилево крило02
 Вкупно 619

ОХРИД

# Играч Позиција Исклучување Голови
Алекса Милошевиќ-00
Филип Грубор-00
1Јагош Брауновиќголман00
4Крсте Андоновскилево крило02
5Мартин Ивановскицентрален бек00
6Филип Кривокапиќцентрален бек01
8Наум Костовдесно крило00
10Филип Николовдесен бек06
11Мице Шилеговдесно крило17
12Христијан Коваческиголман00
14Михајло Младеновиќлев бек10
19Иван Тасескипивот02
24Мартин Манасковлев бек02
35Николче Ристескилево крило00
44Стефан Додиќцентрален бек31
 Вкупно 521

Officials

Судии:Делегат:
МЕТАЛАРИ ИСМАИЛ
НИКОЛОВСКИ НЕНАД
ОГЊАНОВСКИ МАРЈАН
ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 1961770021
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР760118
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2750215
4БУТЕЛ750215
5ПРОЛЕТ750215
6ОХРИД740312
7ТИКВЕШ 201473049
8ПРИЛЕП73049
9МЕТАЛУРГ72056
10СТРУГА71063
11РАДОВИШ71063
12СКОПЈЕ 202070070