Ракометарките на Стружанка остварија лесна и убедлива победа на домашен терен во 6. коло од првенството во Женската лига против составот на Спартак со 35:17.
Домашниот тим имаше целосна контрола на резултатот и играта од почеток до крај и заслужено ги освои бодовите. Во првите 30 минути Спартак успеваше да држи резулатски приклучок но на паузата замина со негатива од два гола, 11:9.
Во второто полувреме целосно доминираше Стружанка, Спартак тешко постигнуваше голови, а нивната негатива постојано растеше. До крај на дуелот многу лесно домашниот тим стигна до нови бодови.
Најрасположена за игра и најефикасна во тимот на Стружанка беше Магдалена Делиоска со десет погодоци, додека шест постигна Далипоска, а пет Переска. Во екипата на Спартак, Зорица Андовска со шест гола беше најефикасна.