Европскиот шампион Вардар го чека последниот натпревар за оваа година во Лигата на шампионите. Гостин во Скопје ќе биде унгарскиот гигант Веспрем, а веќе се познати арбитрите за оваа средба.
ЕХФ ги делегираше данските судии Јеспер Мадсен и Хенрик Мортенсен за делење на правда на средбата меѓу Вардар и Веспрем, а делегат ќе биде Хрватот Јосип Посавец.
Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем се игра в недела, во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:00 часот.
Натпреварот меѓу Еурофарм Работник и Бидасоа Ирун, кој е на програмата в сабота во „Боро Чурлевски“ од 17:30 часот, ќе го судат австриските арбитри Радојко Бркиќ и Андреј Јусуфхоџиќ, додека делегат е Украинецот Виктор Конопласти.