Ракометарот на кого му беше најавувана голема иднина мораше да биде подложен на хируршка интервенција. Еден од најдобрите млади ракометари во моментов, Словенецот Домен Макуц, денеска го оперираше десното колено, па сега му следува долга рехабилитација.
Според информациите се работеше за артроскопија на менискусот на десното колено, а ова значи дека ќе биде надвор неколку месеци.
За него оваа сезона е завршена и се очекува негово враќање на теренот дури во текот на летото во 2020 година.