Возбудлив финиш во Струга, КЛ 7 си замина со бод

Со голот кој го постигна Емилијан Ѓорговски во последните секунди од средбата тимот на КЛ 7 дојде до првиот бод во суперлигашка конкуренција на гостувањето кај Струга. Домашните имаа 23:21 на две минути до крај, но не  успеаја да издржат, па бодовите беа поделени со резултат 23:23.

Од почетокот на средбата се влезе во неизвесност. Домашните први поведоа со 2:0, но следеше реакција од ракометарите на КЛ 7 кои со 3:0 го презедоа водството. И двете екипи делуваа подобро во одбраната уште од стартот и тоа носеше малку голови.

Практично се играше постојано гол за гол, а најмногу што некој тим успеа да направи беше да стигне до два гола позитива така што ова носеше уште повозбудливо продолжение на средбата.

Резултатската тензија траеше цело време. Продолжи и до крајот на првото полувреме, а откако КЛ 7 поведе со 6:4 и потоа со 8:6 предноста беше загубена, па на одмор гостите заминаа само со еден погодок разлика, 9:8.

Играта која што беше прикажана во првото полувреме беше пренесена и на стартот од вториот дел. Одново се играше со резултатска тензија и постојано се бараше игра за гол повеќе. Имаше пресврти, но никој не можеше на поголема позитива односно на разлика која ќе донесе простор за мирна завршница.

Кога и да успееше некој да поведе редовно се случуваше противникот во следниот или нападот после него да израмни. Тешко се содаваше шанса за погодок така што нијанси пресудуваа каде ќе заминат бодовите на овој натпревар.

Максимално интересни беа последните две минути кога и двете екипи имаа можност да обезбедат триумф. Струга поведе со 23:21, но потоа имаше грешки кои беа казнети од младите ракометари на КЛ 7. Точка на средбата на неколку секунди до крај стави Емилија Ѓорговски, кој погоди од десетина метри за нерешени 23:23 и голем бод за дебитантот во Супер машката лига.

Ова воедно беше и прва средба сезонава на која стружани немаат цел плен бидејќи на претходните дуели редовно доаѓаа до победа.

23 - 23
Конечен резултат

Место

Спортска сала Тими

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
СТРУГА823Реми
Г.А.-КЛ7923Реми

СТРУГА

# Играч Позиција Исклучување Голови
10Вук Лакичевиќдесен бек04
23Игор Илиевскилево крило02
1Владо Затаракоскиголман00
2Петар Маркоски-03
4Христијан Крстаноскилев бек11
7Пеце Рајатоскидесно крило16
11Тодор Јанкулоскидесно крило10
12Мартин Јовановскиголман00
13Петар Ферукоскипивот00
14Славиша Димитријескицентрален бек12
18Богдан Николиќцентрален бек05
24Ненад Костоскилево крило00
44Дарио Симоноскипивот00
95Слободан Новаковиќлев бек00
 Вкупно 423

Г.А.-КЛ7

# Играч Позиција Исклучување Голови
Симон Гуческилево крило03
Дејан Џигероскицентрален бек03
Ѓорги Ерманоскиголман00
5Александар Стојковдесно крило02
6Филип Крстескипивот02
7Никола Цветаноскилев бек00
8Андре Буторацдесен бек14
14Кристијан Симоноскипивот03
17Божидар Илиескицентрален бек00
19Мартин Димовскидесен бек01
22Евгениј Темелкоскидесно крило00
23Емилијан Ѓорговскилев бек05
26Марко Стојковиќпивот00
31Глигор Гајиќцентрален бек00
99Андреј Петковскиголман00
 Вкупно 123

Officials

Судии:Делегат:
ЌАЕВ ГЛИГОР
ЌАЕВ СПАСКО
ОГЊАНОВСКИ МАРЈАН
ПозЕкипаНПРЛБ
1ОХРИД990027
2ПРОЛЕТ960318
3СТРУГА851216
4Г.А.-КЛ71041513
5РАДОВИШ93069
6ЈУНИОР К.В.71154
7АСТРАИОН101184