Египетскиот репрезентативец Хасан Кадах е нов ракометар на полскиот шампион Келце, соопшти официјалниот сајт на клубот.
Кадах има 21 година, а се обврза на четири години верност кон Келце. Тој во моментов е играч на египетскиот Замалек, а договорот стапува на сила во 2023 година и ќе важи до 2027 година.
Тој ќе биде вториот играч од африканскиот континент што ќе заигра за полската екипа, по десниот бек Фарук Јусуф од Нигерија.
На почетокот на годинава постоеја сериозни шанси Вардар да се засили со овој ракометар што беше најдобар стрелец на кадетското СП во Македонија пред две години, но трансферот не беше реализиран.
Тој беше играч на натпреварот меѓу Египет и Македонија на последниот Мундијал и постигна и погоди шест пати.