Вардар мораше добро да се испоти за победа во Битола против Еурофарм Пелистер 2

Вардар победи во Битола кај Еурофарм Пелистер со 22-19 (10-9), и ако не сте го гледале натпреварот ќе помислите дека „црвено-црните“ рутински ги освоија бодовите. Но, напротив во Битола се водеше борба, а младите домашни ракометари покажаа дека имаат тим што во иднина сигурно ќе води главен збор во ракометното првенство.

На Вардар му требаа повеќе од 40 минути за да може да направи предност која ќе им донесе мирна завршница, но дури и во последните две минути имаше незивесност иако гостите водеа со 22-19. Еурофарм Пелистер одигра машки, борбено и крајно мотивирано против фаворитот. Можеше да биде уште поинтресно ако Белистојановски го реализираше пеналот во претпоследната минута. Но, она што го покажа битолчани, а играа без неколку играчи поради повреда им дава за право да веруваат во седе уште повеќе и да се надеваат на уште подобри резултати.

Уште почетокот на првото полувреме најави интересен меч. Благојче Трајковски со осум одбранети топки беше еден од главните мотори на Еурофарм Пелистер 2 во првото полувреме од средбата. Неговиот колега на спротивната страна Мартин Томовски одбрани двојно помалку топки (четири).

Битолските ракометари покажаа дека знаат како да се справат со актуелниот првак кој во есенскиот дел од сезоната тука беше поразен. Малиот број на постигнати голови се должи на добрата одбрана на домашните која успеа да го сопре гостинот. Вардар најчесто имаше напад кој завршуваше со подигната рака на судиите за пасивна игра што кажуваше дека немаат идеја како да ја пробијат одбраната.

Се до 15 минута пелистерци имаа водство, иако претходно Вардар успеа да израмни. Но, потоа за две минути гостите првпат направија предност од „плус 2“ за прво водство на црвено-црните од 7-5. Не успеа Вардар да избега на „плус 3“, а Еурофарм Пелистер во последната минута намали на 10-9 најавувајќи, неизвесни нови 30 минути.

Тренерот на Вардар реши во второто полувреме да тргне со друга напаѓачка постава па на паркетот влегоа и Оливие Њокас, Жереми Тото, Дарко Ѓуќиќ и Анте Гаџа. Но, голманот Благојче Трајковски остана енигма за вардарци и првите три напади завршија во неговите раце, а Еурофарм Пелистер брзо израмни на 10-10, а во 36 минута и водеше со 11-10. На скопскиот тим му требаа дури шест минути за првпат да погоди во второто полувреме, преку Гоце Георгиевски.

Лошиот период на Вардар заврши па скопјани врзаа три гола по ред да направат пресврт и од негатива од 11-12 да дојдат до водство од 14-12 во 41 минута. Шест минути подоцна Вардар првпат поведе со три гола предност за 16-13, а во следниот напад и за „плус 4“ и водство од 18-14. Вардар не дозволи изненадување, па полека и сигурно до крајот си ја задржа предноста.

Голманот Благојче Трајковски мечот го заврши со 13 одбранеи топки, но „само пет“ во второто полувреме. Неговиот колега Мартин Томовски имаше осум одбранети топки на мечот. Во следното коло во Битола се игра „братското дерби“ меѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2. Вардар треба да биде домаќин на Бутел.

19 - 22
Конечен резултат

Место

Спортска сала „Боро Чурлевски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2919Пораз
ВАРДАР 19611022Победа

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Бобан Ристевскиголман00
7Андре Буторацдесен бек00
10Христијан Митревскидесен бек10
12Христијан Јовановскиголман00
13Павле Петровиќдесен бек14
16Благојче Трајкоскиголман00
22Иван Димитровскилево крило11
23Стефан Талевскицентрален бек02
24Никола Стоилевскидесно крило00
33Петар Атанасијевиќлево крило01
34Емилијан Ѓорговскилев бек15
44Ненад Белистојановски-06
59Трајче Мицевски-00
66Милан Ѓукиќдесно крило00
84Мартин Табаковски-00
 Вкупно 419

ВАРДАР 1961

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Борко Ристовскиголман00
6Оливие Њокаслев бек00
7Патрик Валчакпивот01
8Јоел Куни Моралесдесен бек14
9Гоце Георгиевскидесно крило17
11Мартин Карапалевскицентрален бек00
12Мартин Томовскиголман00
21Давид Савревскидесен бек02
22Жереми Тотопивот22
24Анте Гаџацентрален бек11
28Филип Талескилев бек22
31Тимур Дибировлево крило03
44Стефан Додиќцентрален бек00
45Дарко Ѓукиќдесно крило00
92Костадин Петровпивот00
97Марко Мишевскилев бек10
 Вкупно 822

Officials

Судии:Делегат:
КОЛЕВСКИ ЃОКО
КРКАЧЕВ САШО
НАУМОВСКИ РУСЕ
ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 19611090132
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1090131
3БУТЕЛ1051418
4ТИКВЕШ 2014102269
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2101369
6ОХРИД100282