Вардар го „штиклираше“ и Пролет

Ракометарите на Вардар ја забележаа шестата победа во шестиот натпревар од суперлигашкиот плеј-оф. Избраниците на Стевче Алушовски славеа убедливо над составот на Пролет со 30-24.

По почетните 1-1, вардарци се одлепија на 4-1, а по петнаесетина минути игра во првиот дел беше и 9-4. Во финишот на првиот дел беше 14-10, но упорните гости намалија на 14-13 со прекрасниот гол со цепелин во режија на Пејовиќ и Давитковски. На пауза сепак се замина со плус два за „црвено-црниот“ тим, откако погоди капитенот Стоилов за 15-13.

Во вториот дел вардарци стигнаа до плус четири, 20-16, но во продолжение малку се опуштија и Пролет успеа да намали на два, 21-19. Избраниците на Никола Матлиески во два наврати не погодија за минус еден, па беа казнети.

Вардар поведе со 25-19 и веќе беа решени дилемите околу победникот, ако воопшто и ги имаше пред натпреварот. До крајот домашните само рутински ја одработија задачата за конечни 30-24. Следен предизвик за Вардар ќе биде гостувањето во Автокоманда кај Металург, додека Пролет ќе игра дома против Струга.

30 - 24
Конечен резултат

Место

СЦ „Јане Сандански“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ВАРДАР 19611530Победа
ПРОЛЕТ1324Пораз

ВАРДАР 1961

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Борко Ристовскиголман00
3Патрик Валчакпивот01
4Томислав Јагуриновскидесен бек15
5Стојанче Стоиловпивот01
8Димитар Димитриоскилево крило01
9Гоце Георгиевскидесно крило05
11Мартин Карапалевскицентрален бек00
15Кристијан Дисингерлев бек11
18Ловро Јотиќцентрален бек00
21Глеб Каларашпивот00
24Анте Гаџацентрален бек02
28Филип Талескилев бек05
31Тимур Дибировлево крило09
44Јосип Векиќдесен бек00
97Марко Мишевскилев бек00
98Марко Кизиќголман00
 Вкупно 230

ПРОЛЕТ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Кристијан Кристоголман00
4Михаил Аларовпивот07
7Кристијан Давитковскидесен бек05
8Дејан Пецаковскилев бек05
9Бојан Јовановскилево крило00
10Стефан Доневпивот00
11Виктор Додевскидесно крило00
13Мартин Димовдесно крило01
15Ласко Андоновскицентрален бек03
20Виктор Дамчевскилево крило10
22Александар Василевскилев бек02
24Виктор Крстевскилево крило00
26Петар Ангеловголман00
33Јане Цветковскиголман00
71Давор Палевскилево крило00
99Жарко Пејовиќцентрален бек01
 Вкупно 124

Officials

Судии:Делегат:
МЕТАЛАРИ ИСМАИЛ
НИКОЛОВСКИ НЕНАД
САЗДОВСКИ ВЛАДИМИР
ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 1961990027
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР980124
3ПРОЛЕТ950415
4МЕТАЛУРГ932411
5БУТЕЛ932411
6ОХРИД92349
7СТРУГА90363
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 290272