Бутел ја продолжува серијата без пораз, Тиквеш немаше сили за изненадување

Ракометарите на Бутел Скопје ја остварија втората победа во плеј-офот од Супер лигата и се зацврстија на третото место на табелата откако во 3. коло на домашен терен го совладаа Тиквеш со 32:29.

Бутел Скопје уште од почетокот влезе максимално во натпреварот, отвори со 4:2 и 9:4 и имаше целосна контрола на играта и резултатот. Тиквеш беше немоќен да се врати во игра и постојано имаше високо заостанување.

Домашниот тим до полувремето успеа да сочува пет гола позитива и мирно да влезе во второто полувреме. После 30 минути игра резултатот беше 16:11. На почетокот на вториот дел домаќините стигна до највисоки седум гола позитива од 21:14 во 40. минута.

До крај на натпреварот Бутел Скопје немаше поголеми проблеми да стигне до нова победа. Тиквеш само во финишот се закани и намали на минус два во 59. минута, но Марко Митев постигна гол за Бутел и ја потврди победата на својот тим.

Најефикасни во тимот на Бутел Скопје беа Мирко Мајиќ со седум гола и Владимир Јевтиќ со шест гола. Во тимот на Тиквеш, Стефан Трпчевски погоди шестпати, додека Симиќ и Јанчев постигнаа по пет гола.

32 - 29
Конечен резултат

Место

УС „Антон Димитров“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
БУТЕЛ1632Победа
ТИКВЕШ 20141129Пораз

БУТЕЛ

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Иван Андревски-00
6Јовица Младеновскилев бек14
7Томче Стојановскилев бек01
8Димитар Ѓеоргиевскицентрален бек02
10Марко Митевцентрален бек04
14Бојан Спасовскипивот10
15Златко Мојсоскидесно крило01
17Бојан Спасовскидесен бек12
22Стефан Стојчевиќпивот00
28Градимир Чаневскиголман00
30Бојан Блажевскиголман00
33Владимир Јевтиќпивот06
34Кристијан Василевскипивот01
64Мирко Мајиќлево крило07
94Денис Тотдесен бек24
96Кристијан Давитковскидесен бек00
 Вкупно 532

ТИКВЕШ 2014

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Благој Пановголман00
9Орданчо Лазовлево крило00
10Стефан Дрогришкилев бек04
11Евгениј Темелкоскидесно крило01
12Марјан Велковголман00
13Борче Соколовцентрален бек03
16Александар Стојаноскиголман00
17Давид Иванов-00
19Дејан Гошевскидесен бек00
23Стефан Милков-00
24Дарко Кондевлево крило14
26Ристо Окардовпивот01
33Димитар Коцевлево крило00
34Страхиња Симиќцентрален бек05
77Јане Јанчевцентрален бек05
96Стефан Трпчевскидесен бек06
 Вкупно 129

Officials

Судии:Делегат:
МИТРЕВСКИ ДИМИТАР
ТОДОРОВСКИ БЛАГОЈЧЕ
НИКОЛОВСКИ АЦО
ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 19611090132
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1090131
3БУТЕЛ1051418
4ТИКВЕШ 2014102269
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2101369
6ОХРИД100282