Битката за суперлигашки опстанок се вжештува – КЛ 7 го доби скопското дерби

Ракометарите на КЛ7 остварија сигурна и важна победа во дербито од плеј аутот против екипата на Работнички, a дојдоа до триумф со 27:23.

Уште од почетокот домашниот тим најави дека е решен да стигне до бодовите на овој дуел откако отвори со 4:1 и во продолжение успеваше да го одржува ова водство. До полувремето ракометарите на КЛ 7 успеаја да ја зголемат предноста и на пауза водеа 13:8.

На почетокот на второто полувреме Работнички се закани и се доближи на минус еден, 14:13, но гостите немаа сили за целосен пресврт. Многу брзо КЛ7 повторно ја врати позитивата која ја имаше во најголемиот дел од натпреварот и сигурно ја сочува до крај за нови бодови.

Марко Стојковиќ од КЛ7 и Давид Саревски од Работнички не го дочекаа крајот на натпреварот заради три исклучувања. Најефикасен во тимот на КЛ7 беше Игор Ѓоргиев со десет погодоци, а во тимот на Работнички прв стрелец беше Стефан Крстевски со девет гола.

27 - 23
Конечен резултат

Место

СЦ „Борис Трајковски“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
Г.А.-КЛ71327Победа
РАБОТНИЧКИ823Пораз

Г.А.-КЛ7

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Александар Стојковдесно крило06
10Симон Гуческилево крило00
11Игор Ѓоргиевцентрален бек110
13Бобан Каковскицентрален бек00
14Кристијан Симоноскипивот04
15Бојан Љубевскилев бек00
17Божидар Илиескицентрален бек00
19Мартин Димовскидесен бек02
22Евгениј Темелкоскидесно крило00
23Емилијан Ѓорговскилев бек05
24Олег Јордановлев бек00
26Марко Стојковиќпивот30
31Глигор Гајиќцентрален бек10
33Виктор Василевскиголман00
99Андреј Петковскиголман00
 Вкупно 527

РАБОТНИЧКИ

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Бојан Стојчевскицентрален бек00
5Стефан Чакалиќлево крило02
8Давид Гашовскипивот01
9Дамјан Јакимовскидесно крило01
10Давид Димескилев бек00
12Јоаким Ангеловскиголман00
19Кристијан Анѓелковскипивот01
21Давид Савревскидесно крило30
22Лука Вујовиќпивот21
23Тoше Ончевцентрален бек17
25Стефан Добревскилево крило00
28Петар Виларовголман00
31Виктор Крстевскилево крило00
33Стефан Крстевскицентрален бек09
77Ѓорѓи Дукадесен бек01
99Васил Гоговголман00
 Вкупно 623

Officials

Судии:Делегат:
ИЛИЕВСКИ МЕТОДИЈА
ИЛИЕВСКИ МИХАЈЛО
КУРТОВИЌ ЦАНО

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ТИКВЕШ 2014970221
2ПРИЛЕП960318
3РАДОВИШ950415
4Г.А.-КЛ7950415
5ЈУНИОР К.В.941413
6МЛАДОСТ 1977941413
7РАБОТНИЧКИ940512
8АСТРАИОН90090