Ракометарите на екипите на Штутгарт и Кил кои имаа битка во Купот на Германија мораа да ја напуштат салата откако се уклучи алармот. Евакуацијата беше брза, па и навивачите и ракометарите мораа да се најдат надвор од салата.
Средбата беше прекината при резултат 22:19 во корист на тимот на Кил. Овој состав беше во предност, а Јиха побара тајм-аут.
Тогаш се клучи алармот, но се покажа дека се работи само за дефект откако беше направена проверка. Сите се безбедни, но и веќе вратени назад на паркетот бидејќи средбата продолжува и ќе се доигра.