Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиотдел од сезоната.
За разлика од лани годинава има 12 екипи, а играат и Вардар и Еурофарм Пелистер. Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за пласман во плеј-офот каде ќе играат шест екипи. Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.
Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до сабота до 12 часот.
РЕЗУЛТАТИ ОД 13. КОЛО ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 25:16 – ИЗВЕШТАЈ
МЕТАЛУРГ – ПРИЛЕП 35:27 – ИЗВЕШТАЈ
ПРОЛЕТ – СКОПЈЕ 34:26 – ИЗВЕШТАЈ
РАДОВИШ – ВАРДАР 20:37 – ИЗВЕШТАЈ
ОХРИД – СТРУГА 29:18 – ИЗВЕШТАЈ
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 29:21 – ИЗВЕШТАЈ
ТАБЕЛА
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 13. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)
ГОЛМАН: Бојан Блажевски (Бутел Скопје) – Одбрани на одлично ниво кога беше најпотребно на дуелот против Еурофарм Пелистер 2 и помогна многу тимот на Бутел Скопје да дојде до нова победа.
ЛЕВО КРИЛО: Давор Палевски (Пролет) – Ракометарот кој настапува на крилната позиција имаше уште една квалитетна средба. Реализираше шестпати во победата против Скопје.
ЛЕВ БЕК: Јовица Младеновски (Бутел Скопје) – Во второто полувреме одигра многу подобро отколку во првите 30 минути и го водеше нападот со шест гола. На тој начин учествуваше во триумфот на својот тим.
СРЕДЕН БЕК: Анте Гаџа (Вардар) – Ракометарите на Вардар имаа две различни полувремиња против Радовиш, а Гаџа особено во вториот дел доминираше на теренот. Постигна седум гола во високата победа.
ДЕСЕН БЕК: Матео Мараш (Еурофарм Пелистер) – Ја одржува стандардната форма. Во победата против Тиквеш погоди четирипати.
ДЕСНО КРИЛО: Мице Шилегов (Охрид) – На дуелот меѓу ривал ите покрај Охридското езеро тимот на Охрид дојде до победа, а Шилегов имаше добро издание. Постигна пет гола во победата од 29:18 против Струга.
ПИВОТ: Милан Лазаревски (Металург) – Поради намалениот број на ракометари тој на последните дуели често игра и како крило и како пивот. Сепак, неговата природна позиција е пивотмен така што тој и колегите дојдоа до нов триумф. Постигна седум гола.