Екипата на Пролет имаше лесна задача во 13. коло од Супер лигата и ја прекина серијата од три порази. Со убедлива игра и без многу мака убедливо го совлада тимот на Скопје со 34:26.
Во првото полувреме фаворитот потешко го кршеше отпорот на Скопје, но сепак имаше контрола на играта и резултатот. Во неколку наврати гостите успеваа да стигна до израмнување сепак на полувреме имаа негатива од 15:13.
Во продолжението Пролет не дозволи изненадување, Џонов и Палевски го полнеа голот на Скопје и сигурно го водеа својот тим кон победа. Многу брзо беше шест разлика, предност која беше сосема доволно за триумф.
Новиот тренер кој ќе ја предводи екипата на Пролет, до крајот на полусезоанта Алексо Лембанов во своето деби забележа триумф, а во следните натпревари ќе обиде да го врати тимот при врвот на табелата.
Најефикасен во составот на Пролет беше Иван Џонов со девет погодоци, а шест гола постигна Давор Палевски. Во составот на Скопје прв стрелец беше Марио Мишевски со девет гола, а седумпати погодои Леонид Киселовски.