Македонската интернационалка Матеја Стефановска, која е попозната во ракометниот свет по презимето Серафимова, му се врати на ракометот по кратката пауза.
Таа се реализираше како мајка и сега одново е на ракометните терени во дресот на австрискиот тим Штокерау.
Македонската голманка долги години го бранеше голот на Металург, пред да започне интернационална кариера.
По Металург беше дел од грчкиот ПАОК, чешката Славија Прага, данскиот Ринкобинг и израелскиот Макаби Аразим Рамат Ган, австрискиот Егенбург, а сега е дел од Штокерау.


























