Чаир заврши со евросезоната, загуби од Наиса и во Ниш

Екипата на Чаир ги заврши настапите во Европскиот куп откако денеска и на гостувањето кај Наиса претрпе пораз. Составот од Ниш победи со 37:23 со што се најде во следната рунда.

Наиса денеска во Ниш не беше комплетна и настапи без Анастасија Николовска, но затоа добар настап имаше Марија Николовска која го наполни голот на противникот. Таа заврши со 14 гола од кои пет беа од линијата од седум метри.

Чаир одигра добро и на овој дуел во првото полувреме кога имаше солиден резултат. Негативата беше само четири гола така што се парираше на домаќинот.

Сепак, во вториот дел од средбата дојде до израз поголемиот избор на ракометарки односно поголемиот ростер. Тоа се одрази и на теренот и вториот дел од средбата, Наиса го доби со десет гола разлика.

После 41:26 во Скопје ова беше уште еден висок триумф. За Чаир, пак, ова беше за големо искуство и дефинитивно ќе биде добредојдено за следните вакви предизвици кога ќе може да се види многу повеќе.

НАИСА – ЧАИР 37:23 (19:15)

Сала: „Чаир“ во Ниш. Судии: Един Куловиќ и Ведад Скаљиќ од БиХ. Делегат: Зорица Машиќ од Србија.

НАИСА: М. Петковиќ, Ивановиќ, Митиќ, Т. Петковиќ 1, Ѓуровиќ 1, Радовиќ, Стојановска 6, Т. Петковиќ 2, Станковски 2, Стаменковиќ 4, Николиќ 3, Филиповиќ 4, Рајковиќ 1, Сукур 5, Тасиќ 5, Гакидова 3.

Седмерци: 5/7, Исклучувања: 4 мин.

ЧАИР: Кицеска, Сали, Мисовска, Динарица, Николовска 14, Божиновска 2, Бакиќ, З. Рамуко 1, Рахмани 1, З. Рамуко 1, Мартиновска 1, Шериф, Костадиновска 3.

Седмерци: 6/6, Исклучувања: 6 мин.